еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Конечно познато од каде е добитникот на седумката вредна 1,7 милион евра

Конечено е познато од каде е добитникот на седумката вредна 1,7 милион евра (109.012.304 денари), која е највисока премија од постоењето на Државна лотарија и најголема постигната премија во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седумка на Лото од 1,76 милион евра во Охрид

Добитникот останува анонимен, но не е турист, како што се шпекулираше, туку е жител на Охрид, каде и се падна добивката.

Од Државна лотарија информираа дека му се исплатени парите.

Тој редовно уплаќал по 10 комбинации и по еден Џокер, а бројчињата ги менувал често, дел биле негови среќни броеви, дел по случаен избор, а некои колони ги избирал со квик-пик.

„Им кажував на моите дека ќе играм додека не добијам 7-ка, не ми веруваа“, посочил тој во Државна лотарија.

Дел од парите ќе ги донира.

„Иако на Лото може да добие и некој што случајно ќе уплати само 30 денари за една колона, јас бев упорен, на среќата мора и да ѝ се помогне. И сите што упорно и верно играат треба да добијат. Ете, сега било мојот ред.

Сега сум јас како избран од среќата и награден за мојата упорност. Со среќата не се знае. Јас сум благодарен и на сите други играчи, сите учествуваа во оваа моја добивка.

Јас нема јавно да ја споделам среќата, но дел по дел ќе ја делам. Сакам да останам анонимен, како што ќе бидат и моите донации за сите на коишто ќе им помагам“, кажал тој.

Во историјата на игри на среќа на Државна лотарија, 7-ката 12 пати беше постигната во Скопје, петпати во Битола, по двапати во Кичево и во Куманово и по еднаш во Свети Николе, Тетово, Неготино, Струмица, Кавадарци и Кочани.

Првата седумка во историјата на оваа игра беше постигната на 5. септември 2011 година во Битола, а 27-мата 7-ка на 29.11.2022 година во Кичево, откога почна да се полни и да расте фондот за 7-ка за да го достигне досега најголемиот износ за премија од игра на среќа, во земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Од Охридското Езеро извадени 230 рибарски мрежи со вкупна должина од 12 километри

Редакција

(Видео) Претставничката за Евровизија, Андреа го фрли македонското знаме за да се фотографира, па се извини

Редакција

(Видео) Како беше спроведена во Идризово ексминистерката Гордана Јанкуловска

Редакција