За прв пат во живо со голем филмски оркестар премиерно ќе се одржи концерт на филмска музика на Кирил Џајковски.
Неговата работа како композитор на музика за филм беше придружен елемент на многу домашни и интернационални филмови меѓу кои: „Големата вода“ (за која доби награда за најдобра музика на филмскиот фестивал во Валенсија, Шпанија), „Прашина“, „Сенки“, „Балканот не е мртов“, „Врба“, „One more game“, „Бал-кан-кан“, „Piargy“, „Трето полувреме“ и многу други.
На концертот Кирил Џајковски придружуван со 30-член оркестар под диригентската палка на Џијан Емин ќе ги изведе легендарните музички теми кои беа неизоставен дел од овие филмски остварувања.
Освен што е еден од најценетите електронски артисти од регионот тој е и успешен композитор на филмска и театарска музика. Овој концерт претставува своевидна ретроспектива на 25-годишната филмска работа на Кирил Џајковски. Филмската музика на Кирил не само што ги надополнува и издига филмските сцени, таа и живее независно од филмот.
Овој концерт ќе биде одлична можност еден од најпродуктивните композитори на музика за филм на Балканот, пред македонската публика да го претстави својот извонредно големи и значаен опус.
Концертот e замислен како посебно аудио и визуелно доживување, а ќе се реализира на 6. април 2025 година во големата сала на Националната опера и балет со почеток во 20 часот.
Картите се во продажба на MKTickets .
Промотивна објава