еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија: Започна снимањето на филмот „Соучесници”

На локации во Ужице започна снимањето на филмот „Соучесници“ во режија на Марко Новаковиќ, според сценарио на Огњен Обрадовиќ.

Главните улоги ги толкуваат: Невена Нераџиќ, Радован Вујовиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Даница Ристовски, Аница Добра и Зоран Цвијановиќ.

Една од улогите во овој филм ја толкува Сара Климоска.

Македонија ќе биде вклучена и со професионалци во продукцијата и постпродукцијата на филмот.

Филмот е копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија. Главен продуцент е српската продуцентска куќа Зилион филм на Лазар Ристовски, а копродуценти се Иван Малоча преку продуцентската куќа Интерфилм од Хрватска и Роберт Насков и Александар Поповски преку Партизанс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемување на годишните транспортни дозволи и изградба на интерконекторот за гас Струмица – Петрич, најави Бочварски од Софија

Редакција

„Сектрон“ го доби тендерот на МВР за набавка на рачни радио станици вреден 751.000 евра

Редакција

Кои се новите потпретседатели и генерален секретар на СДСМ

Редакција