еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Зголемување на годишните транспортни дозволи и изградба на интерконекторот за гас Струмица – Петрич, најави Бочварски од Софија

Делегација предводена од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска престојува во работна посета на Софија, Република Бугарија, каде се одржа втората средба на Работната група за транспорт, енергетика и локална самоуправа, помеѓу владите на двете држави.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, во рамки на работната група за инфраструктура и патен транспорт предводена од министерот Бочварски, двете страни се согласиле на зголемување на квотата на дозволи на 1.500 годишни дозволи за транспорт на стоки за и од трети земји.

Исто така, Комисијата направила значителен напредок во преговорите за целосна либерализација на товарниот транспорт.

За утре предвидена е посета на делегација на Република Бугарија составена од министерот за транспорт и комуникации, Николај Сабев, министерот за туризам, Христо Проданов, заедно со триесетина тур оператори, на која средба ќе се разговара за развој на туризмот меѓу двете земји.

-Во делот на инфраструктурниот развој, двете страни се согласија да се иницира средба со претставници од Европската комисија во насока за финансиска поддршка за доизградба на коридорот Софија – Скопје – Тирана – Драч, кој би придонел за подобро поврзување и забрзан економски развој на регионот, се наведува во сопштението.

На работната група, како што информираат од Министерството за транспорт и врски, присуствуваше и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, каде заедно со бугарскиот колега Гроздан Караджов, разговараа за понатамошната соработка меѓу двете земји во делот на прекуграничната соработка и реализација на проекти финасирани од ИПА 3 компонентата, како и за отворање на граничниот премин Клепало кај Берово.

Во однос на соработката на енергетскиот сектор, каде присуствуваше директорот на Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи, беше договорена изработка на физибилити студија за изградба на интерконекторот Струмица – Петрич. Двете страни се согласија за користење на капацитетите на резервоарите за природен гас на Република Бугарија, како и заедничко партнерството во изградбата на LNG терминалот во Александрополис, Република Грција.

Фото: Министерство за транспорт и врски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Во „затворениот“ Мош нов настап на Георгиев, ниту присуството на полицијата не ја прекина забавата

Редакција

„Лимак“ – изведувачот на комплексот „Diamond of Skopje“ рангиран на 67-мо место меѓу најдобрите градежни компании во светот

Редакција

Врвулица од мигранти во Македонија: „Филмски“ бегства и приведувања на патиштата

Редакција