До избор на нова влада министер за транспорт и врски ќе биде кадарот на ДУИ, заменик министерот за одбрана, Беким Реџепи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Беким Реџепи од ДУИ ќе биде министер за транспорт и врски до изборот на нов
Тој доаѓа на местото на кадарот на СДСМ, Благој Бочварски.
Кој е Беким Реџепи
Роден е на 10.09.1977 година во Скопје, а живее во с. Бојане – Сарај.
Зборува делумно англиски јазик.
Женет е и има две деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Беким Реџепи, кој ќе биде министер за транспорт и врски до изборот на нов
Образование
Тој е дипломиран правник на Правниот факултет при Универзитетот “Американ Колеџ”.
Има положен правосуден испит.
Средно образование, општа насока, завршил во гимназијата „Зеф Луш Марку“- Скопје.
Основно образование завршил во О.У. „Ибе Паликуќи“, с. Бојане – Скопје.
Рaботно искуство и политичка кариера
Од 2005 до 2006 година бил советник за правна помош во проектот за човекови права финасиран од ОБСЕ.
Бил советник во Општина Сарaј од 2007 до 2008 година.
Од 2008 до 2009 година е шеф на кабинет на генералниот директор на ФПИОМ.
Од 2009 до 2010 година е извршен директор на АД Енергетика Скопје – Скопје.
Во јули 2010 бил именуван за заменик директор во KПУ Идризово – Скопје.
Од 28.12.2012 до 28.12 2018 година бил член на Судскиот совет.
Во септември 2020 година стана заменик министер за одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Тирон Јајага, кој ќе биде министер за одбрана до избор на нов министер
Каков имот пријавил Назим Буши, кој ќе раководи со МВР до избор на новата влада
Фото: Реџепи/Фејсбук