Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Татјана Димитровска стана дел од осомничените во предметот „Адитив“, кој се однесува на набавката на адитив за ТЕЦ Неготино и државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).
Таа остана без пасош, а согласно мерките за претпазливост кои и ги одреди Основниот кривичен суд Скопје, таа нема да може да врши и работни активности во ДКСК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претседателката на Антикорупциска, Димитровска, остана без пасош, осомничена е за случајот „Адитив„
Димитровска според Основното јавно обвинителство е осомничена дека одавала податоци на обвинет во предметот „Адитив“, кои се службена тајна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитриевска, неофицијално, преку својот службен телефон му давала податоци на обвинетиот во предметот, Небојша Стојановиќ, за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите правни и физички лица во предметот и одлуки по истите, како и податоци за проверка на имот.
Случајот “Адитив“ е проширен со уште две лица – вработена во ТЕЦ Неготино, која исто така оддавала службена тајна на осомничен во предметот, како и вработен во една од фирмите, кој според Обвинителството помагал на управителите на фирми, кои се дел од предметот, да ги “изиграат“ постапките за јавни набавки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра
Досега за случајот “Адитив“ се осомничени над 30 лица.
Која е Димитровска?
Родена е во Скопје во октомври 1977 година.
Дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје во 2001 година.
Средно завршила во економско-правното училиште “Арсение Јовков“ во Скопје.
Работно искуство
Во 2004 година била помошник на главниот државен ревизор во Државниот завод за ревизија (ДЗР).
Од 2004 до 2005 година била ревизор во Секторот за ревизија на буџетот на Република Македонија.
Од 2005 до 2009 година била ревизор во Секторот за финансиска ревизија во фонодовите и корисниците на фондовите, судски буџет…
Од 2009 до 2015 година била виш ревизор во Секторот за ревизија на законодавната и извршната власт, органите на државна управа, јавните претпријатија, јавна безбедност, судство, јавно обвинителство …
Од 2015 до 2020 година е самостоен ревизор во Секторот за ревизија на законодавната и извршната власт, органите на државна управа, јавните претпријатија, јавна безбедност, судство, јавно обвинителство …
Од 2020 до 2021 година е раководител на одделение – помошник на раководителот за ревизија на Народна банка, носители на законодавната и извршна власт, народен правобранител, Агенција за администрација…
Од 2021 година до сега била помошник на главниот државен ревизор за ревизија на политчките партии, ДКСК, Државната изборна комисија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги…
Претседателка на ДКСК стана во февруари лани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осомничената за „Адитив“ претседателка на Антикорупциска има плата од 139.500 денари
Обвинение за 31 физичко и пет правни лица во предметот „Адитив“
Фото: 360 Степени