Изминатата година од наплата на патарина, продажба и надополнување на електронски уреди, надополнување преку веб порталот, како и од наплата на патарина преку проектот Отворен Балкан е направен промет од 3.981.392.760 денари, или 64.738.094 евра, информираа за државната агенција МИА од Јавното претпријатие за државни патишта.
Учеството на електронската наплата се движи околу 33%.
Податоците се однесуваат на периодот од јануари до 20. декември, 2024 година.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.