Издавачкиот центар ТРИ, од 17. јуни, започнува со попусти, промоции, настани и фестивалски денови.
Тие ги повикуваат сите читатели ова лето да патуваат во новитетите – светските бестселери како што се новата романса на Али Хејзелвуд, авторката на „Љубовна хипотеза“ и „Љубовни неврони“, новите психолошки трилери на Ју Несбе и Стив Кавана и, секако, нови наслови од областа на психологијата и личниот развој.
Од ТРИ ги најавуваат „Осум правила на љубовта“ од Џеј Шети, кој претходно го освои светот со „Размислувај како монах“, и „Книга што посакувате да ја прочитаат вашите сакани (а можеби и неколкумина други)“ од Филипа Пери, која претходно ни ја понуди книгата што посакуваме да ја прочитаат сите родители.
Сите останати новитети можете да ги погледнете на нивниот летен каталог на следниот линк…, каде што ќе ве пречекаат и снижените цени (до 70 %), одличните понуди за 3 или 5 книги за 500 денари, како и наслови по 99 денари.
Во издание на ТРИ има голема читачка понуда од над 700 наслови на најчитаните писатели и советувачи, како Габор Мате, Дипак Чопра, Бријана Вист, Тошиказу Кавагучи, Сали Руни, Елиф Шафак и, секако, класиците од кои најголемо внимание предизвика објавувањето на ремек-делото на Фјодор М. Достоевски, „Браќата Карамазови“ во еден том.
Оваа година фокусот на ТРИ е истовремено и врз домашните автори – ова лето е во знакот на Петре М. Андреевски, Горан Стефановски, Лидија Димковска, Венко Андоновски, Румена Бужаровска, Винка Саздова и сите други автори кои оставаат неизбришлива трага во современата македонска проза и поезија.
Попустите важат во сите книжарници на ТРИ (Дебар Маало, ГТЦ, Ист гејт и Веро Центар) и онлајн на kniga.mk.
Промотивна објава