Државниот завод за статистика објави дека бруто-домашниот производ (БДП) во 2023 година изнесувал 897.694 милиони денари и во однос на 2022 година, номинално е зголемен за 10%, а реално за 2,1%.
Најголемо учество на додадената вредност со 18,9 % во структурата на БДП, во 2023 година, имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.
Финалната потрошувачка во 2023 година во структурата на БДП учествува со 83,4%. Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2023 година изнесува 67,8%.
Вредноста на инвестициите во основни средства во 2023 година изнесува 222 114 милиони денари. Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 57,9%, машините и опремата со 32,6%, а останатите инвестиции со 9,5%.
Фото. Унсплеш