Македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР), денеска реагираше на протерувањето на извршната директорка на Здружението за поддршка на лица со посебни потреби (СОЛЕМ), Искра Росо од Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со Хрватките, од Србија протерана и Македонката Искра Росо
Во реакцијата од МНР „изразуваат загриженост поради протерувањето и забраната за влез во Србија за македонската државјанка со регулиран престој во државата“.
„Министерството ќе побара објаснување во поглед на оправданоста на преземените мерки, посебно имајќи го предвид нашето очекување дека истите се во согласност со законските рамки на Република Србија, но и со европските и меѓународни стандарди за човекови права.
Искрено очекуваме дека овој случај ќе биде разрешен на соодветен начин, преку дијалог и со присутна добра волја од двете страни, како и во интерес на задржување на континуитетот во градењето на пријателските и добрососедски односи помеѓу двете земји“, велат од МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов дипломатски судур помеѓу Хрватска и Србија, откако Белград протера пет хрватски државјанки