еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

“Макпетрол“ донира новогодишни подароци за дечињата од куќата „Верна“ во СОС Детско Село

Децата што со згрижувачко семејство живеат во куќата „Верна“, а чијшто кум е „Макпетрол“, денес добија новогодишни подароци, информираа од компанијата.

Во празнично расположение, дечињата беа израдувани со различни содржини со кои што ќе можат да се забавуваат и кои што ќе им помогнат полесно да ги совладаат предизвиците во следната 2024 година.

– Општествената одговорност долги години е стратешка цел на „Макпетрол“ од повеќе причини, меѓу кои во врвот е нашата верба во заедницата и во нејзините членови. До оваа цел се придржуваме и затоа што сме убедени дека помагањето им дава поддршка на тие на кои што им е најпотребна, но и служи како поттик на сите што се вклучени во овие активности на споделување добрина.

Празниците најчесто се повод за секој од нас да најде начин како да придонесе нашата заедница да се подобри, а токму тоа е нешто што како компанија го практикуваме во текот на целата година, вели Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управниот одбор и директор во „Макпетрол“.

„Макпетрол“ во април стана нов стратешки партнер на СОС Детско село. Компанијата стана кум на куќата „Верна“ во која живеат четири деца и нивните згрижувачки родители. Компанијата годинава ќе донира средства за потребната финансиска поддршка на згрижувачкото семејство. За растот и развојот на четирите деца се грижи брачна двојка со повеќегодишно згрижувачко искуство.

Активностите на „Макпетрол“ за поддршка на работата на СОС Детско село е дел од платформата за општествена одговорност на компанијата, „Движиме заедно“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Студенти го учат бизнисот во македонските компании кои се дел од групацијата „Балфин“

Редакција

(Фото) Имлек Протеин со поддршка и на првата женска трка во Битола “Биди своја”

Редакција

Базар на етичка и одржлива мода „Fair Fashion“ оваа сабота во Јавна соба

Редакција