еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Мараја Кери остана без сестра и мајка во ист ден

Една од најпознатите пејачки на денешницата, Мараја Кери, во ист ден остана без сестра и мајка.

Изминатиот викенд на 63-годишна возраст починала сестра ѝ Алисон Кери, а на 87-годишна возраст мајка ѝ Патриша Кери.

И со двете Мараја Кери не беше во добри односи.

Во своите мемоари од 2020, Кери напиша дека била оттуѓена од сестрата и нивниот брат Морган Кери, велејќи дека било емотивно и физички подобро за неа да нема контакт со нив. Алисон ја тужеше Кери по излегувањето на мемоарите и бараше обесштетување од 1,2 милиони долари.

Во истата книга Мараја Кери изнесе детали и за комплицираниот однос со мајка ѝ, поранешна оперска пејачка и тренер, велејќи дека тоа ѝ предизвикало многу болка и конфузија. Таа напиша дека помеѓу нив имало натпревар и професионална љубомора, но исто така никогаш не криеше дека мајка ѝ била таа која ја вовела во светот на музиката.

Нејзиниот татко Алфред Кери почина во 2002 година на 72-годишна возраст.

Фото: Фејсбук/Инстаграм/Кери

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петре М. Андреевски продолжува да „живее“ во неговата Слоештица и преку изложба во новоотворениот Мултифункционален центар

Редакција

Москва: Влезот на Финска во НАТО е дефинитивно закана за Русија, ќе има адекватен одговор

Редакција

Цената на нафтата надмина 129 долари за барел, прв пат од 2008 година

Редакција