Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, која победи на парламентартните избори, мандатот за состав на нова влада од македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова ќе го добие идната недела, потврдија од нејзиниот Кабинет за државната агенција МИА.
Рокот за доделување на мандатот веќе тече и истиот истекува на 7. јуни.
Според македонскиот Устав претседателот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието да го довери мандатот за состав на Владата на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.
Мандаторот пак во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, треба до Собранието да го достави составот и програмата на владата.
Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Новиот собраниски состав беше избран на конститутивна седница во вторникот.
Фото: Кабинет на претседателката