еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Момчето кое ја прегази Фросина Кулакова во 2022 направило уште една сообраќајка

Дваесет годишниот Васил Јованов од Скопје, кој на булеварот „Партизански одреди„ во Скопје, завчера ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино, на 4. ноември 2022 година направил уште една сообраќајка, а на 1. февруари следната година за истата заработил кривична пријава.

Во сообраќајката било повредено полесно едно лице.

Како што информираа од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, јавниот обвинител спровел постапка и со согласност на оштетената во сообраќајката донел решение со кое не се презема кривично гонење, а Јованов се согласил да постапи по напатствијата на јавниот обвинител и да уплати паричен 18.000 денари во корист на државниот Буџетот.

Министерството за внатрешни работи (МВР) пак повело и прекршочна постапка против него за возење без дозвола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Момчето кое ја усмрти Фросина Кулакова било осудено, но останало на слобода, сега доби притвор

Како што веќе објавиме тој пред извесно време бил во притвор за поседување дрога, а сега бил на слобода поради жалбената постапка за овој случај.

На 30. март лани против Јованов била поднесена кривична пријава од страна на МВР поради случајот со дрогата. ОЈО Скопје уште истиот ден повело истрага и побарало притвор против него.

На органите на прогонот им станал достапен на 2. април и веднаш почнал да го издржува притворот, а на 21. мај е поднесен обвинителен акт против него и од страна на ОЈО Скопје е побарано продолжување на притворот.

И тој предлог, како што информираа од ОЈО Скопје бил прифатен и притворот му бил продолжен до 31.7.2024 година кога Основниот кривичен суд Скопје донел пресуда со која го прогласила за виновен и му изрекла воспитна мерка – упатување во воспитно-поправен дом во Тетово.

На 30.9.2024 година јавниот обвинител незадоволен од пресудата вложи жалба и предметот се уште е во жалбена постапка.

-Жалбата е во однос на воспитната мерка, бидејќи во однос на притворот жалба не е дозволена со оглед на тоа дека не е изречена казна туку воспитна мерка“,  велат од ОЈО Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Свеќите на Партизанска немо сведочат за згаснатиот живот на Фросина Кулакова

Денеска протест поради несреќата во која загина 22-годишната Фросина Кулакова

Починатата Фросина Кулакова била дизајнерка од Неготино

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За судиите од Кривичен немало доволно докази за напаѓачите на Радарската кула, па затоа не им одредиле притвор

Редакција

23-годишен светиниколчанец починал од Ковид-19, имал претходни заболувања

Редакција

Вучиќ: Односите меѓу Србија, Македонија и Албанија никогаш не биле подобри

Редакција