еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На 12-годишно дете на Клиниката за ортопедија извршена трансплантација со коска од донор

Од Министерството за здравство информираа дека на Клиниката за ортопедија е извршена уште една трансплантација со коска од донор.

Интервенцијата е извршена кај 12 годишен пациент, кој е претходно опериран поради деформитет на левото стапало со користење штраф, а по повторна појава на деформитетот се одлучи да се извади ставениот штраф и да се замени со трансплант од донор кој дава подобра и постабилна корекција.

Пациентот испишан во гипсена имобилизација и по шест недели ќе започне со процес на рехабилирација.

Оперативната интервенција ја изведе проф.д-р Зоран Божиновски со својот тим асистенти Теодора Божиновска, Симона Карапанџевска, анестезиолог Јадранка Зафировска со анестетичар Златка Апостолова, инструментарка Билјана Тројановиќ и помошен персонал Костадинка Вучковиќ и Сејнур Идриз.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нерасчистени должничко-доверителски односи можна причина за убиството на 50-годишниот маж во Арачиново, велат од Обвинителство

Редакција

Шпанија сака Македонија и Албанија заедно и што побргу да ги почнат преговорите со ЕУ

Редакција

Мехмедовиќ: И децата не се поштедени од делта сојот, и кај нив може да се јават пулмолошки и компликации на мозокот

Редакција