еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

На 28. февруари сенароден штрајк во Грција за железничката несреќа кај Темпи, се ќе биде блокирано

Следниот петок, на 28. февруари во Грција ќе има сенароден масовен штрајк поради двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи во која загинаа 57 лица, претежно млади.

Неколку часа нема да возат таксистите и бродовите, се најавува затворање на бројни продавници низ целата земја, но и нефункционирање и на јавниот превоз, а во штрајкот се вклучуваат и трите најголеми синдикати.

Истражување објавено деновиве покажа дека дури 72% од Грците сметаат дека имало обиди од страна на Владата за прикривање за причините за несреќата, а неодамнешните нови докази покажаа дека околу 30 лица биле живи по ударот на патничкиот со товарниот воз, но неколку минути подоцна починале поради недостаток на воздух и експлозија во товарниот воз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Син на грчката обвинителка која го водеше случајот за железничката несреќа кај Темпи пронајден мртов: „Го фрлија во планините со дивите животни„

Дополнително деновиве беше пронајден мртов син на обвинителка од Лариса, која до пред извесно време го водеше случајот, а кој се водеше за исчезнат од 30. декември.

Се очекува Солун и Атина да бидат целосно блокирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Реки од луѓе по улиците на Грција на масовните протести по новите докази за несреќата кај Темпи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Свештеник во Грција фрлил киселина на седум митрополити

Редакција

(Видео) Вучиќ прозборе на албански: Сефере, добро ли изговорив?

Редакција

Петков му ветил на Вархеји дека ќе го укине ветото за Македонија, тврди Генчовска

Редакција