еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Најголем базар на second hand производи во Јавна соба во сабота

Трендот за second hand модата е во нагорна линија, од страна на изложувачите, но и од страна на посетителите. Пред сè самата понуда станува побогата, интересот за учество на вакви настани расте, па на овој базар ќе има 35 штандови. Нив ги охрабрува и големиот број на посетители, кои ги поддржуваат овие мали и локални бизниси, а воедно прават добро и за својот буџет и животната средина.

На 8. јуни од 11 до 15 часот во Јавна соба ќе се оддржи третиот по ред базар, досега најголем, на кој ќе бидат изложени облека, книги, играчки и други прозиводи „од втора рака“, како и рачно изработени накит и аксесоари.

„Ќе доживеете едно сосема поинакво пазарење во Јавна Соба оваа сабота, во забавна, опуштена и пријателска атмосфера. Има голема можност да се најде нешто уникатно што го нема во регуларните молови!“, велат организаторите.

Влезот за посетителите е слободен!

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инспирација од минатото, визија за иднината – корпоративна мултимедијална изложба на Халкбанк

Редакција

Подгответе се за Garage Sale во Рамстор Мол

Редакција

Европскиот центар за контрола и превенција на болести успешно ја оцени лабораторијата при ИЈЗ за детекција на Ковид-19

Редакција