еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

А1 нова понуда за уште повеќе комуникација во припејд мобилната телефонија

Почнувајќи од денеска, А1 Македонија воведува нова исклучително поволна понуда за корисниците во мобилната припејд телефонија креирана да одговори на корисничките потреби за зголемено количество мобилен интернет, сурфање на социјалните мрежи, неограничени разговори и SMS, информираат од таму.

Со еден од новите припејд пакети, XL, корисниците можат да уживаат уште повеќе поволности и да добијат можност за уште повеќе комуникација цел месец. Имено, со активирање на месечниот пакет XL корисниците добиваат можност за неограничено сурфање на социјалните мрежи Facebook, Instagram, TikTok, Twitter, Messenger, Snapchat и WhatsApp, неограничени разговори и SMS-пораки кон сите национални мрежи и 5GB интернет за опуштено сурфање, цел месец, за 499 денари/месечно.

Сите А1 Припејд корисници месечниот пакет XL можат да го активираат преку апликацијата Мојот А1 или со испраќање SMS-порака со текст XL на бројот 1474. Пакетот ќе биде достапен за користење откако корисникот ќе добие потврда преку SMS-порака.

Новото портфолиото е составено и од месечниот пакет L со неограничени разговори и SMS кон сите национални мрежи, месечен пакет M со неограничени разговори и SMS кон A1 и 2GB интернет и месечен пакет S со неограничени разговори и SMS кон A1.

Повеќе детали за понудата можете да најдете на www.A1.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вила Clarina All Seasons од Крушево со попуст од 20 отсто за здравствените работници

Редакција

Средните стручни училишта ги отворија вратите за идните средношколци

Редакција

Генералниот директор на Веро избран за менаџер на годината за 2020

Редакција