еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не штитете некој кој треба да е зад решетки, порачува Наталија сопругата на Андреја Ѓорѓиески

Наталија Ѓорѓиеска, сопруга на пејачот Андреја Ѓорѓиески од ДНК кој загина во пожарот во дискотеката во Кочани спасувајќи други луѓе, се огласи во јавноста по повод овој трагичен настан.

„Во овој момент, кој е најтежок за нас, медиумите и државните институции, ме предизвикувате за прв пат да се обратам до македонската јавност.

Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса не посетила криминалистичката служба која без објаснување го барала мојот сопруг, во присуство на нашето дете.

Истата служба ме побара телефонски во неколку наврати со НАЈНЕХУМАН однос да дадам информација каде е мојот сопруг со цел да даде изјава за настанот, за што истото прашање го упатив кон нив.

Од медиумите, кои пренесуваат ЛАЖНИ информации, дознале дека сопругот е на домашно лекување, додека тој лежи во болницата во Кочани, мртов.

Ги замолувам сите јавни медиуми да не шират дезинформации на социјалните мрежи. Ги замолувам и јавните органи да си извршат детален увид за целиот трагичен настан.

Во овој тежок момент за сите нас, ЈАВНО ги замолувам институциите и медиумите да ја почитуваат пред се, нашата приватност.

Лажни објави дека мојот сопруг е на домашно лекување и дека пиротехниката е донесена од страна на бендот, ве молам, НЕ ШТИТЕТЕ НЕКОЈ КОЈ ТРЕБА ДА Е ПОЗАДИ РЕШЕТКИ!

Како сопруга и мајка на малолетно дете, покажете малку сочувство, а така и за поблиското семејство и пријателите,“ пишува на Фејсбук, Наташа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Ако утре ме нема, тажни да не ве гледам“, пееше Андреј, групата ДНК загуби седум членови

Андреј од ДНК загинал откако се вратил да спасува настрадани во пожарот во Кочани

И Андреј од ДНК загина во пожарот во Кочани

Фото: Фејсбук/Наталија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување од 3,7%: За една недела 3.340 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Колку граѓани треба да се вакцинираат за Македонија да се избори со ковид-пандемијата

Редакција

Имаме резерви на нафтени деривати и жито, граѓаните да бидат смирени, велат од Влада

Редакција