Неколку компании поради растот на цената на пченицата на светските берзи, како и поради зголемувањето на цената на брашното, ја поскапеа цената на лебот за 10%.
Иако имаше најава дека цената на лебот нема да се зголемува, сепак некои производители се одлучија за ваков чекор.
Горан Малишиќ, претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора за државната агенција МИА вели дека цената на лебот ќе се стабилизира во наредниот период со почетокот на жетвата и истата ќе се врати на нивото како што беше досега.
Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.