Ново заладување на односите помеѓу Хрватска и Србија, откако Белград од земјата протера пет хрватски државјанки, кои биле таму на собир на невладини организации, организиран од фондацијата Ерсте Стифунг, а претходно тие беа уапсени.
Според Србија тие се протерани поради “заштита на безбедноста на Република Србија и нејзините граѓани„, пренесуваат српските медиуми.
Хрватска испрати протесна нота до Србија и најави дека за оваа ќе ја информира Европската унија, Европската комисија и полското Претседателство, што за Србија може да значи ново “закочување“ на европскиот пат, а и ги повика своите граѓани да не патуваат во Србија „поради односот и третманот на хрватските граѓани во Република Србија“.
Се препорачува „одложување на сите несуштински патувања“, како и „претпазливост, следење на моменталната состојба и добивање подетални информации пред патување поради евидентираните несоодветни и неосновани постапки на властите на Република Србија кон хрватските граѓани“.
„Ги советуваме хрватските граѓани да избегнуваат места каде што се собираат голем број луѓе. Доколку е потребно, хрватските граѓани имаат право во секое време да се обратат до Амбасадата на Република Хрватска во Република Србија“, стои во препораките на хрватските власти до нивните граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со Хрватките, од Србија протерана и Македонката Искра Росо
Македонското МНР изрази загриженост поради протерување на македонската државјанка од Србија