Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во интервју за националната грчка телевизија ЕРТ побара да се користи само името Северна Македонија во и надвор од државата. Во спротивно, според него, сигурно е дека ќе создадат проблеми не само во односите на Грција со Македонија, туку и во односите на ЕУ со Македонија.
„Никаков напредок на долгиот пат на Скопје кон Европа не може да се постигне без апсолутно почитување на договорот од Преспа за прашањето за името“, вели Мицотакис и посочува дека во основата на договорот од Преспа е концептот на именување, односно името Северна Македонија да се употребува „ерга омнес“ и да важи за сите, односно да се користи и внатре и надвор од државата.
Тој испрати предупредувачка порака до идната влада во Македонија дека без целосно усогласување со Договорот во однос на името, Грција нема да ги ратификува меморандумите и нема да има напредок во ЕУ перспективата на земјава.
„Сакам да потсетам дека не гласавме за договорот од Преспа, бидејќи изразивме силна резерва за тоа што со овој договор се признава македонската нација и македонскиот јазик. Тоа беше главната причина што не гласавме за договорот.
Но, по прашањето за името има многу јасно повлекување и сакам уште еднаш да упатам предупредувачка порака до новата влада, отсега да ја смени линијата. Да се почитува оваа централна одредба од договорот од Преспа, да се користи само името Северна Македонија во и надвор од државата, кога се споменува нашиот северен сосед.
Во спротивно, сигурно е дека ќе создадат проблеми не само во односите на Грција со Северна Македонија, туку и во односите на Европа со Северна Македонија“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицотакис најави блокада за Македонија во ЕУ ако не го почитува Договорот од Преспа
Мицкоски предизвика бура во Грција
Грција нема да ги ратификува меморандумите со Македонија од Договорот од Преспа
Фото: Мицотакис/Фејсбук