На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, сведочеа службени лица кои биле назначени да го спроведат еден од обвинетите, Велибор Манев, до местото каде што било закопано телото на Жежовски.
Службеното лице Игор Јанушев, потврди дека Манев ги однел до местото викано Кула, каде бил закопан велешанецот, информација која веќе и беше позната на јавноста.
„Тука е местото, тука има закопано човек“, им кажал Манев на службениците, рече Јанушев.
Исто го кажа и Зоран Абаз, вработен во Министерството за внатрешни работи.
– Велибор ги даваше насоките до местото каде што требало да се ископа дупка за да се најде тело. Кога почнаа да работат бевме тука, после тоа требаше да се вратиме во станица, го преземавме лицето и се вративме во станица, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палевски ме натера да го сменам исказот, вели Кешишев