еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Овации за претставата „12“ на Синиша Евтимов во Сараево

Вчеравечер, на сцената на Народно позориште, Сараево, беше изведена претставата „12“ – силна и провокативна адаптација инспирирана од „12 Angry Men“ на Реџиналд Роуз, во режија на реномираниот Синиша Евтимов.

Публиката во Сараево имаше ретка привилегија да ужива во оваа интензивна и длабоко ангажирана претстава, изведена од врвна актерска екипа составена од најзначајните имиња на македонската театарска сцена: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски,Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Нино Леви, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев.

„12“ е претстава што остава силен впечаток – со длабока психолошка анализа, моќна социјална порака и актери во извонредна уметничка форма. Кулминацијата на вечерта беше долгиот и громогласен аплауз, проследен со стоечки овации – искрен израз на восхит и почит кон актерската екипа и квалитетот на македонската театарска уметност.

Овој настап на Македонскиот народен театар во Сараево уште еднаш ја потврдува улогата на театарот како простор за дијалог, катарза и споделување универзални човечки вредности, надвор од границите.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче најверојатно ќе одмара во Грција

Редакција

Ивор Мицковски: Пресмешни се европските предупредувања за изолација

Редакција

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам – празник за духовно и за телесно прочистување

Редакција