На престојното Собрание на акционери на ОКТА АД Скопје една од предлог одлуките е и исплата на дивиденда, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
За таа намена се предвидени 182.813.760 денари (приближно 3.000.000 евра) од кумулативна акумулираната добивка од претходните години.
Висината на дивидендата која се предлага е 240 денари бруто по акција.
Последен ден на тргување со право на дивиденда е 24.06.2025 година.
Првиот датум тргување без право на дивиденда е 25.06.2025 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) ОКТА отвори бензинска и во Кавадарци
Eднократните фактори предизвикаа зголемена добивка на ОКТА пред оданочување
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.