еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

“Отворањето на нови препреки нема да ги зближат двата народи“: Мицкоски за средбата со бугарскиот премиер

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска на социјалните мрежи информираше за средбата со бугарскиот технички премиер Димитар Главчев, кој вчера изјави дека во рамки на Самитот на НАТО во Вашингтон, САД, најмногу разговарал токму со Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Бугарскиот премиер во Вашингтон најмногу разговарал со Мицкоски

Мицкоски пак напиша дека со него имал “кус разговор на маргините на официјалната фотосесија на лидерите на влади и шефови на држави на НАТО самитот“.

-Беше констатирано дека треба да се релаксираат односите, при што посочив дека треба да се гледа на иднината и да се користат можностите за соработка.

Темите од минатото и отворањето на нови препреки нема да ги зближат двата народи и дека треба да се направат напори и чекори кои ќе влеат доверба меѓу државите како во периодот пред ветото и отпочнувањето на политиката на опструкции, напиша на социјалните мрежи Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Мицкоски на вечера кај Бајден во Белата куќа

(Фото) Мицкоски се запозна со Бајден и разговараше со премиерката на Италија

(Фото) Мицкоски до Орбан на групната фотографија од Самитот на НАТО

Фото: Мицкоски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Посебен сообраќаен режим низ Скопје, поради посетата на српскиот премиер Вучевиќ

Редакција

За Ковачевски одлуката на Уставниот суд со која се покачуваат платите на функционерите е конечна и треба да се почитува

Редакција

Шопенхауер, Фром, Ниче: Груевски повторно се јави со филозофски мисли од Будимпешта

Редакција