еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Партијата на Курти победи на изборите во Косово, ќе успее ли да формира влада?

На вчерашните парламентарни избори во Косово победи партијата на актуелниот премиер Албин Курти, Самоопределување.

Според 88% од пребројани гласови, Самоопределување има над 41% од гласовите, па партијата сама нема да може да формира влада.

Втора е Демократската партија на Косово со 21,83%, а трет е Демократскиот сојуз на Косово со 17,75%.

Српска листа освои 3,96% од гласовите, а таа според косовскиот Устав секако ќе има десет пратеници.

На претходните избори во 2021 година, Самоопределување освои 50% од гласовите, а сега се очекува да обезбеди повеќе од 40 пратеници во парламентот со 120 места.

Фото: Курти/Фејбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според ризикот на ширење на Ковид-19, Скопје и Тетово во 4. фаза, Штип, Ресен и Куманово во трета

Редакција

Сања Лукаревска избрана за заменик-претседател на СДСМ, на местото на Шекеринска

Редакција

МВР купува маици со јака за полицајците

Редакција