Од Македонската берза информираа дека вчера Берзата извршила бришење на Пелистерка АД Скопје од Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што Друштвото ги отстранило недостатоците во исполнувањето на обврските согласно Правилата за котација .
-Издавачот Пелистерка АД Скопје беше внесен на Листата на набљудување на 22.12.2024 година, согласно член 57 од Правилата за котација, поради посериозно непостапување од страна на издавачот по Правилата за котација, велат од Берзата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јавна опомена од Македонска берза за Пелистерка
За Пелистерка понудата на Комерцијална за откуп на акциите на Стопанска банка Битола е несоодветна
Пелистерка лани со добивка и зголемени приходи
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.