еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Петровска ќе поднесе претставка до Комисија за спречување и заштита од дискриминација

Пратеничката Славјанка Петровска најави дека ќе поднесе претставка до Комисија за спречување и заштита од дискриминација поради денешните изјави на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која и упати лични напади базирани на нејзината семејна состојба.

„Ова не е заради мене. Она што денеска се случи во јавноста не е заради Славјанка Петровска туку затоа што еднаш засекогаш мора да се стави стоп на ваквото однесување од страна на власта.

Дали јас добив навреда, јас не ја примив навредата. Дали беше намерата да бидам навредена и омаловажена затоа што немам деца и немам семејство, апсолутно да. Реакциите кои следуваа на јавноста не само на СДСМ по ова е тоа што всушност го вознемири ВМРО-ДПМНЕ, затоа што видоа дека отиде работата предалеку“, нагласи Петровска во гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерката за финансии Димитриеска Кочоска со навреда кон Петровска, не можела да знае колку троши едно четиричлено семејство затоа што нема деца

Лавина од реакции и осуда за Димитриеска Кочоска за навредата на Петровска

Фото/МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали за предлогот на РКЕ: Кои домаќинствата треба да бидат субвениционирани за плаќање на струјата

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на Заев: Може експертска влада, предводена од заеднички прифатлива натпартиска личност

Редакција

(Фото) Оштетено стаклото од просториите на бугарскиот клуб во Охрид

Редакција