Лекувањето на Леонид Индов по Клиника Жан Митрев, продолжува во Австрија. Тој денеска со медицински транспорт со хеликоптер е префрлен во Клиниката во Виена за оперативен зафат.
-Осумнаесет годишниот Леонид Индов летово доживеа тешка несреќа што предизвика сериозна повреда на рбетниот мозок. Во октомври со квадриплегија беше префрлен во Клиничката болница Жан Митрев, каде ја доби најдобрата нега и по 4 месечниот третман има подобрување на дел од функциите, како зборување и самостојно голтање, за кои не е веќе потребна помош од машини, велат од таму..
Леонид е ученик во Математичко-информатичката гимназија и е дел од тимот што изработи апликација за анализирање и проучување на движењето на Меѓународната вселенска станица, со која што го освоија првото место на меѓународниот натпревар NASA Space Apps Challenge.
-Денеска тој беше испратен од другарите и тимот на Клиника Жан Митрев. Му посакуваме успешно справување со сите понатамошни здравствени предизвици, велат од Клиниката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ