еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Со донација на Алкалоид и Комерцијална банка ќе се формира нов ургентен интернистички центар на Универзитетската клиника за токсикологија

Со донација на Алкалоид АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје ќе се формира нов ургентен интернистички центар на Универзитетската клиника за токсикологија.

Алкалоид ќе донира 233.673 евра, а Комерцијална банка 235.000 евра.

Договорот за донацијата денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити, го потпиша со Владо Индов, директор во Алкалоид и Маја Стевкова-Штериева, финасова директорка во Комерцијална банка.

Целта на овој тријажен центар е да претставува прв контакт со пациентите, кадешто е предвидено да се пружа итна здравствена заштита. Тука, пациентите од нивниот прием би претстојувале 24 до 48 часа по што доколку е потребно би се упатиле во болничките оддели на некоја од интерните клиники или би биле пуштени дома.

Ќе се изврши реконструкција на простор од околу 750 метри квадратни.

Во склоп на просторот ќе има и посебна просторија за опсервација на пациенти – интензивна нега, како и полуинтензивна нега.

Во просториите на интернистичкиот ургентен центар ќе бидат сместени и компјутерски томограф, ретнген, ЕХО апарат, ендоскопија.

Се очекува центарот да биде готов за неколку месеци.

-Со потпишувањето договор во Министерството за здравство, денеска се официјализираше донацијата на Алкалоид како знак на поддршка за пациентите од целата држава, во насока на олеснување на процесот на лекување и на подобрување на квалитетот на услугите во овој сегмент од јавното здравство.

Поаѓајќи од нашиот врвен приоритет – луѓето и здравјето пред сé – во рамките на компаниската мисија за поздрав живот на секој поединец, Алкалоид редовно и беспоштедно помага онаму каде е најпотребно.

Грижата за заедницата во која дејствуваме, за јавното здравје и за поголема и поквалитетна достапност на јавните здравствени услуги за пациентите останува наш приоритетен дел во рамките на агендата за општествена одговорност, дејствување кое претставува еден од најцврстите темели на 9-деценискиот раст и развој на Алкалоид, велат од Алкалоид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателката на Одборот на директори на Европа, Марија Каранфиловиќ поднесе оставка

Редакција

(Видео) Изминаа 24 години: Атентатот на Киро Глигоров останува мистерија

Редакција

Апликацијата МојДДВ достапна и за корисниците на Ајфон, еве од каде да ја преземете

Редакција