еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

По што Лила ќе ја памети годината што изминува

Водителката Лила Стојановска, за годината што изминува вели дека кога ќе ја праша некој по што ќе ја памети, навистина не знае од каде да почне.

„Можеби со вдомувањето на нашиот нов член Мајло кому му го спасивме животот и сега ни го разубавува секојдневието со неговите палавштини и дружењето со Рагнар.

Можеби по чистиот пет скен и мојата победа во битката со ракот, можеби по успешната професионална сезона, многуте патувања… и не, не дека немало и помалку убави моменти, ама тие не заслужуваат простор во овој пост.

И секако благодарност до сите оние кои на било кој начин учествувале во овие важни моменти за мене.

А вам драги мои ви посакувам убава и среќна година и никој да не ви фали и ништо да не ве боли,“ напиша Стојановска на нејзиниот Фејсбук-профил.

Фото: Фејсбук/Стојановска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вознемирувачки видеа од битките на Хамас и Израел

Редакција

Што содржи политичкиот дел од извештајот на ЕУ за реформскиот напредок на Македонија

Редакција

Директорот на ЦУК, Ангелов за пожарите: Нека гори се, само сите да се живи и здрави

Редакција