еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Повик до средношколците да креираат постери на тема трансплантација и органодонорство

Учениците од сите државни средни училишта во земјава имаат можност да ги покажат своите визуелни креативни дела на тема органодонорство и трансплантација, преку Повикот, кој денеска е распишан во рамки на проектот „Поддршка на системот за трансплантација во Република Северна Македонија“, финансиран од ЕУ, што се спроведува во соработка со Министерството за здравство, (во реализација на Agriconsulting S.A. (Италија) и PLANET S.A. (Грција)).

Tрансплантацијата на органи, освен што спасува животи, ги поставува и темелите на етичките принципи во здравството, но и во општеството во целина.

Органодонорството не само што спасува животи на пациентите кои немаат друг избор за лекување, туку и ја испитува нашата хуманост.

Семејствата на донорите заслужуваат почит и признание за нивниот алтруизам и надежта која ја даваат за подобра иднина на болните, но и на целото општество преку нивниот пример. Токму ова е иницијалната замисла за започнување кампања за подигнување на свесноста за оргнанодонорство.

Од средношколците се бара изработка на дигитален изложбен постер, цртеж или друг тип визуелна порака која поттикнува размислување за органодонорството и трансплантацијата. Секој средношколец може да достави најмногу две креативни дела.

За наградите одлучува петчлено жири. Најдобрите три дела ќе добијат добиваат наградни ваучери за електронски уреди, во вредност од 500 евра, 300 евра и 200 евра, соодветно. Најдобрите 10 дела ќе бидат претставени на јавна изложба, заедно со професионалните решенија за графички дизајн од вториот повик.

Посетете го следниов линк за повеќе детали во врска со Повикот за доставување најдобро решение за постер на тема трансплантација.

Повеќе информации на: www.transplantacija.mk.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

18-годишната гевгеличанка која почина од Ковид-19 била бремена и имала претходни заболувања

Редакција

Тони Стојановски е именуван за прв човек на НЛБ Банка Скопје, на местото на Грегановиќ

Редакција

Јован Деспотовски поднесе оставка од директорското место во ТИРЗ, иако имал мандат до декември

Редакција