еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пожарот во Мариово делумно ставен под контрола, дождот помогна во гаснењето

Пожарот кој беснееше во Мариово, делумно е ставен под контрола поради дождот.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека дождот значително помогнал во гаснењето на огнената стихија во Мариово. Сепак, огнот продолжува да тлее на неколку локации, каде пожарникарите и спасувачките екипи неуморно се борат со преостанатите жаришта.

„Дождот кој заврна во прилепско помогна во гаснењето на пожарот во мариовскиот крај. За жал, огнот сѐ уште не е изгаснат целосно, има слабо горење на неколку места,“ велат од ЦУК.

Фото: ЦУК

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична ќе има и за лицето кое го превезе Палевски од Србија во Турција

Редакција

(Фото) Ахмети и Груби кај семејството на Хашим Тачи, кој е обвинет за воени злосторства од Хашкиот трибунал

Редакција

Опасна бактерија откриена кај вработен во Стоматолошкиот клинички центар

Редакција