еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поскапуваат бензинот Еуросупер 95, Екстра лесното масло и мазутот

Од вечерва на полноќ за половина денар се зголемува цената на бензинот Еуросупер 95, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата цена на Еуросупер 95 ќе биде 79,5 денари по литар.

Цените на бензинот Еуросупер 98 и дизелот остануваат исти. Еуросупер 98 и понатаму ќе се продава за 81,5 денари по литар, а на дизелот за 73 денари по литар.

Со новата одлука на РКЕ, се зголемува и цената на Екстра лесното масло за 1 денар, и тоа ќе се продава за 73 денари по литар.

Мазутот исто така поскапува за 0,5 денари, а новата цена е 48 денари по килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево загинаа мажи на возраст од 42 и 48 години

Редакција

„Брако“ со повеќе од 650 македонски добавувачи е двигател на македонската економија

Редакција

Пораст за индустриското производство за 8,4 отсто

Редакција