еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Потврдите за неосудуваност, достапни електронски

На Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk од денес се достапни две нови услуги од Oсновните судови, Уверение од кривична евиденција за физички лица и Уверение од кривична евиденција за правни лица, изјави на прес-конференција Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Министерот дополни дека станува збор за најкористените тековни услуги од судовите, кои заедно со комплетирањето на пакетот на судски потврди што секојдневно им се потребни на граѓаните и компаниите го сочинуваат пакетот за неосудуваност.

„Во овој пакет, веќе дигитализирани се и Потврдата од казнена евиденција и Потврдата за изречена забрана на вршење професија, дејност или должност, станува збор за документи кои се често потребни во секојдневниот живот – за вработување, аплицирање за јавни повици, образовни постапки и многу други правни и административни процедури,“ додаде Андоновски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Марио Драги е новиот премиер на Италија

Редакција

Нов тренд: Се намалува бројот на починати од Ковид-19 со претходни заболувања

Редакција

Нема стан и бугарски пасош за натепаниот Кадриески, копретседател на бугарскиот клуб „Шемето“

Редакција