еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Премиерот треба да превенира дестабилизација и информациите да ги сподели со надлежните, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче порача дека доколку премиерот Христијан Мицкоски поседува било какви информации за можна дестабилизација или нарушување на мирот во земјата, истите мора итно да ги сподели со надлежните институции.

„Во спротивно, тој станува соучесник или политички фактор кој можеби од таквата состојба има интерес. Информациите за дестабилизација кои два дена по ред ги пласира премиерот предизвикуваат немир кај граѓаните, а негова лична одговорност е да превенира таква состојба.

Доколку тој сам не ги сподели информациите, ги повикувам истражните органи да поведат постапка и ги истражат овие наводи,“ напиша Филипче на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ била гарант за мирот и европската иднина, велат од таму по изјавата на Мицкоски дека партијата може да ја дестабилизира Македонија

ДУИ есенва може да преземе чекори за дестабилизација на државата, вели Мицкоски

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почна судењето: Мухамед Зеќири не се чувствува виновен, Обвинителството тврди дека ќе го докаже обвинението

Редакција

45-годишен маж го загуби животот во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово: Детали од МВР

Редакција

Шпресим Ферати на директорското место на министерот за здравство Демири во Клиничката болница во Тетово

Редакција