Бизнисмените Ратко Капушевски и сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јаоски се приведени, поради кривични дела поврзани со набавка на деривати
„Доцна попладнево под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Бирото за јавна безбедност (БЈБ) и Министерството за внатрешни работу (МВР) извршуваат претреси на повеќе локации низ државава.
Претресите се со Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, а во врска со сторени кривични дела поврзани со набавка на деривати,“ велат од ОЈО ГОКК.
Од МВР исто така потврдија дека Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при БЈБ и МВР во координација со ОЈО ГОКК по наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје и низ државата, во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати, со кои е направена штета од големи размери за буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето.
Капушевски е поранешен директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и актуелен бизнисмен и генерален директор на фирмата “РКМ“ за трговија со енергенси и нафтени деривати.
Повеќе детали се најавуваат за утре.