еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пропадна уште еден обид за изградба на „Чебрен“, грчката фирма нема да ја гради хидроцентралата

Пропадна и последниот 14. обид за изградба на хидроцентралата ПАХЕ „Чебрен“.

Истата овојпат требаше да ја гради грчкиот конзорциум ППЦ-Архиродон, но компанијата Архиродон во предвидениот рок, до крајот на 2023 година, не ја продолжи постапката за изградба на хидроцентралата.

Конзорциумот беше избран за најповолен понудувач во септември лани, а во текот на изминатава година имаше забелешки за јавниот повик.

За изборот на грчкиот конзорциум имаше и бројни реакции од страна на македонски енергетски експерти.

Предвидената инвестиција беше во износ од околу една милијарда евра, а хидроцентралата требаше да биде завршена за седум години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наместо пари од државата грчкиот концесионер на ХЕЦ „Чебрен“ ќе ја оперира и ХЕЦ „Тиквеш“

Која е грчката компанија која ќе ја гради хидроцентралата Чебрен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за транспорт и врски на 73. место меѓу 1.011 државни должници: Неплатен долг од 47 милиони денари

Редакција

Тони Трајковски не дојде на судењето за „Космос“ бидејќи бил нападнат: Судијата бара полицијата да го доведе

Редакција

Трагедија во тетовско: Гром усмрти 25-годишно момче во месноста „Карабунар“

Редакција