Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март изнесува 40.496 денари.
Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2024 година, во однос на март 2023 година, изнесува 116.0.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (21.9 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (21.3 %) и Образование (20.5 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7.8 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7.3 %) и Преработувачка индустрија (6.2 %).