Народна банка (НБ) соопшти дека вкупните депозити во март, се намалени за 0,9% на месечна основа, како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор, при раст на депозитите на секторот „домаќинства“.
Споредено на годишна основа, остварен е раст од 9,3 проценти, поради зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес кон растот на депозитите на секторот „домаќинства“.
Вкупните депозити на домаќинствата во март се повисоки за 0,1% и 8,7% на месечна и на годишна основа, соодветно. Растот кај двете основи се должи на повисоките долгорочни депозити и депозитните пари, во услови на забележан пад на краткорочните депозити.
Во март, вкупните депозити на корпоративниот сектор, се намалени за 2,4% на месечно ниво. Надолната промена пред сè се должи на намалените депозитни пари, при дополнителен пад и на краткорочните депозити, а во услови на раст на долгорочните депозити.
На годишно ниво, депозитите на корпоративниот сектор се зголемени за 12,2%, во поголем дел како резултат на растот на депозитните пари, краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари, при дополнителен позитивен придонес и на останатите компоненти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во март најголема побарувачка за автомобилските кредити