еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Саздовски кој загина во Нови Сад, како врвен научник работел и на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

Д-р Васко Саздовски, кој е мeѓу загинатите во уривањето на бетонската натстрешница на железничката станица во Нови Сад, дел од својата кариера ја поминал и на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, информираат од таму.

„Ќе биде запаметен како врвен научник со достигнувања од светски рамки, прекрасен колега и пријател, вљубеник во природата. Последното работно искуство на Саздовски беше на Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде се истражуваат и развиваат информациски технологии во земјоделството. Голема загуба за сите нас,“ стои во објавата на Универзитетот.

По повод трагичната смрт на Саздовски се огласи и Сојузот на извидници на Македонија.

„Со огромна тага и длабоко сочувство извидниците од Сојуз на извидници на Македонија ја примија веста за прераната загуба на нашиот драг пријател и извидник, Васко Саздовски.

Васко, со својата посветеност, љубов и дух за авантура, остави траен белег во извидничкиот одред Гоце Делчев од Свети Николе. Неговата животна енергија и непоколебливата посветеност за извидничките идеали го направија пример за сите нас и неговото присуство ќе недостига на сите што го познаваа.

Во овие моменти на тага, нашите мисли се со семејството, блиските и пријателите на Васко. Почивај во мир, драги Васко. Нека твоето светло и извидничкиот дух засекогаш останат инспирација за новите генерации,“ се вели во објавата.

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека Владата ќе му помогне на семејството на загинатиот Саздовски.

„Во текот на вчерашниот ден се слушнав и комуницирав со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој воспостави контакт со неговиот српски колега. Работиме и ќе помогнеме се што е потребно за да, колку што можеме да ја ублажиме болката поради овој немил настан“, рече Мицкоски.

Помош најави и Општина Куманово која е збратимен град со Нови Сад. Градоначалникот Максим Димитриевски денеска иницираше вонредна седница  на Совет на која се предложи да се донесе одлука за финансиска помош поради настанатата несреќа, како и финансиска помош на семејството на загинатиот македонски граѓанин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Саздовски кој загина во железничката несреќа во Нови Сад бил научник, дента се враќал во Македонија кај семејството

И Македонецот Васко Саздовски меѓу загинатите во несреќата на железничката станица во Нови Сад

(Видео) Најмалку 14 лица загинаа при уривање на бетонска настрешница на железничка станица во Нови Сад

Фото: Фејсбук/Универзитет „Св. Апостол Павле“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот поскапува за два денари по литар, цените на другите горива остануваат исти

Редакција

Осум дена притвор за пиштолџијата од „Скендербег“

Редакција

(Видео) Мицкоски од Благоевград: Правото на самоопределување е неприкосновено и загарантирано со сите меѓународни акти

Редакција