Денеска продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, но без сведокот Гоце Трајковски, син на Кираца Трајковска.
Тој е недостапен за органите на прогон, откако е осомничен за подметнување на пожар во скопска Кисела Вода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сведокот Трајковски за случајот за убиството на Вања и Панче во бегство, осомничен за пожар
На почетокот од денешното рочиште, јавната обвинителка Жаклина Трајковска, извести дека предложениот сведок Гоце Трајковски нема да сведочи, бидејќи не успеале да го обезбедат.
-Во однос на сведокот Гоце Трајковски. При известувањето од МВР, бевме информирани дека тој не претстојува на неговата адреса и не е достапен на органите на прогон, рече обвинителката.
Бранителот на таткото на Вања Ѓорчевска, адвокат Владимир Туфегџиќ, побара исказот на Трајковски од Обвинителството да биде прочитан како доказ, на што судијата одговори дека ќе се потруди да го обезбеди сведокот да сведочи.
-Судењето сѐ уште трае, ќе се обидам да го обезбедам сведокот да сведочи, рече судијата Ивица Стефановски.
Трајковски се бара со потерница за делото Подметнување пожар на 13. ноември, кога со уште две лица запалил кафуле на приземјето. Другите две лица се во притвор, а Трајковски е недостапен за органите на прогон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кираца Трајковска прва го поврзала грабнувањето на Вања со исчезнувањето на Панче
Фото: Unsplash