Македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски од страна на Светскиот економски форум е избран за млад глобален лидер за 2025 година.
Алумни-членови на оваа престижна група вклучуваат истакнати личности како што се Марк Закерберг, основач и извршен директор на Facebook, Емануел Макрон, претседател на Франција, Питер Тил, коосновач на PayPal и инвеститор, Нико Розберг, поранешен шампион во Формула 1, Александар Стуб, претседател на Финска, Александар Де Кроо, поранешен премиер на Белгија…, а престижноното признание се доделува на исклучителни личности под 40 години кои демонстрирале извонредни лидерски способности и силна посветеност кон подобрување на состојбите во светот.
Форумот на млади глобални лидери претставува заедница посветена на обликување одговорни лидери кои активно придонесуваат за подобрување на глобалните околности.
Секоја година, Светскиот економски форум, преку селекциски процес кој вклучува одлука на специјализирана комисија и консултации со бројни експерти, избира група од приближно 100 лидери под 40 години од целиот свет (од кои 10 се од Европа) кои го добиваат ова признание.
Самиот процес на избор вклучува строга селекција што ги зема предвид личните и професионалните достигнувања на кандидатите, како и нивната етичка посветеност и интегритет во работењето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Тимчо Муцунски, новиот министер за надворешни работи и надворешна трговија
Кој е Тимчо Муцунски, кандидат за министер за надворешни работи
Фото/видео: Муцунски/Фејсбук