еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Силното невреме поплави куќи во Тетово

Силното невреме поплави куќи во Тетово.

“До 20 часот и 15 минути интервениравме со испумпување на вода од 13 куќи во Мала Речица каде се поплавени дворови, подруми и приземните катови од објектите. Кај касарната имаше задржување на вода на улиците, но со оглед на направен т.н бај-пас успеано е водата да не навлезе во дворовите,” информираше Авни Амети, командир на тетовската противпожарна единица.

Регионалниот Центар за управување со кризи од Тетово информираше и дека поради поплавените улици отежнато се одвива и сообраќајот кај касарната во градот.

Покрај пожарникарите, според РЦУК Тетово, интервенираат и од ЈКП-Тетово и Општина Тетово со соодветна механизација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албанскиот експерт Кула: Со Македонија сите се мајтапат, секој поставува услови

Редакција

Македонец загина кај хрватскиот остров Вис, му се слошило додека нуркал

Редакција

(Фото) Каролина со музичко шоу за Нова година на МРТ, ќе гостуваат и нејзини колеги пријатели

Редакција