Грција е во шок откако е пронајден мртов 39-годишниот Василис Калогироу од Лариса, син на обвинителката Софиа Калогироу, која пред неколку дена се повлече од случајот за железничката несреќа кај Темпи во која на 28. февруари, 2023 година, загинаа 57 лица, претежно млади.
Тој се водеше за исчезнат од 30. декември лани, а неговата смрт засега е вистинска мистерија, пренесуваат грчките медиуми.
Пронајден е мртов вчера на 18 километри од местото каде бил виден последен пат. За да стигне до местото требало да пешачи повеќе од четири часа.
Засега нема официјална информација како стигнал до таму и што е причината за неговата смрт.
Неговото тело е пронајдено во фаза на распаѓање. Било откриено од кучиња на сточар, кои почнале да лаат кон местото каде е најдено телото, пред неколку дена, што според грчките медиуми алудира дека неговото тело можеби не било таму од претходно.
На социјалните мрежи се огласи и неговата мајка со статус кој индиректно посочува дека се работи за убиство.
Таа посочува дека некој го “фрлил во планините со дивите животни“.
На 28. февруари во Грција на двегодишнината од несреќата е закажан масовен протест.
Неодамна јавноста дозна за нови докази кои покажуваат дека неколку патници биле живи откако патничкиот удрил во товарниот воз, но починале поради губење воздух и експлозијата во товарниот воз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По нов доказ за железничката несреќа кај Темпи, денеска масовни протести низ Грција