еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Скопски пазар лани со добивка и зголемени приходи

Остварените вкупни приходи на Скопски пазар АД Скопје лани изнесувале 746.933 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2023 година бележат зголемување од 96,77%, информираше Друштвото преку Македонската берза.

Лани Друштвото остварило нето добивка од 425.597 илјади денари.

-Остварените вкупни расходи во периодот јануари – декември 2024 година изнесуваат 281.398 илјади денари и во споредба со истиот период од 2023 година бележат зголемување од 10,91%.

Оперативните приходи се зголемени за 96,95%. Друштвото во континуитет реализира стабилни приходи од издавање на деловен простор и недвижности со тенденција значајно да ги подобрува севкупните деловни резултати преку издавање на севкупниот недвижен имот расположлив за издавање .

Оперативни расходи се зголемени за 13,13%. Финансиските расходи се намалени за 15,19%.

Нето добивката за период јануари – фекември 2024 година е 425.597 илјади денари. Вкупната сеопфатна добивка за период јануари – декември 2024 година е 248.978 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопски пазар стана најголем акционер во Македонијатурист

Скопски пазар ја зголеми добивката за 347%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нобеловецот Кругман: Инфлацијата ќе се стабилизира, бидејќи инфлаторните очекувања се краткотрајни

Редакција

Нови 110 случаи на Ковид-19, оздравени 42, нема починати

Редакција

Препораки за однесување на вработените во производните капацитети

Редакција