еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Скопски пазар“ од денеска е втор најголем акционер во „Македонијатурист“

Скопски пазар АД Скопје, најголемата скопска компанија за издавање недвижен имот, од денеска поседува 9,9% од акциите во најголемата македонска хотелиерска компанија Македонијатурист АД Скопје и со овој деловен потег ја претекна М.Г. Фешн ДОО Скопје и стана втор најголем акционер во Друштвото, информираа од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

М.Г. Фешн стана акционер со над 5% во Македонијатурист, поседува 7,69% од акциите

Скопски пазар по купувањето на акциите кои Изо Стоне ги поседуваше во Македонијатурист, сега поседува вкупно 44.500 акции со право на глас во Македонијатурист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовската „Изо Стоне“ влезе во “Македонијатурист“

Ова е голема и значајна промена во акционерската структура на Македонијатурист, особено затоа што Скопски пазар е успешна компанија која веќе конкурира на М.Г. Фешн во окрупнување на акциите во Македонијатурист.

Деловниот потег на Скопски пазар во инвеститорската јавност се толкува како транспарентно покажување дека М.Г. Фешн има конкурент во процесот на окрупување на акционерскиот капитал во Македонијатурист.

Доне Таневски и понатаму останува најголем акционер во Македонијатурист и поседува 23,4% од акциите.

Македонијатурист поседува 10% од акциите, но тие согласно законската регулатива се стерилизирани и не носат право на глас, ниту носат дивиденда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Соња Бибановска ги продаде акциите во Македонијатурист

Според познавачите на берзанското тргување Таневски мора брзо да реагира и да избере една од двете страни кои купуваат акции во Македонијатурист. Неговата позиција делумно е ослабена откако неговата долгогодишна бизнис партнерка Соња Бибановска минатата недела одлучи да ги продаде своите 11% од акциите.

Во акционерската структура на Македонијатурист покрупни акционери се и отворениот задолжителен пензиски фонд на Сава, кој поседува 8,8% од акциите и Симеон Павлов, кој поседува 8,2% од акциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој сѐ освен М.Г. Фешен е акционер над 5% во Македонијатурист

Фото: ХолидејИн/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џафери контра Рускоска: Судот ќе биде одговорен за евентуалното бегство на Вељаноски

Редакција

Во ГОБ „8 Септември“ примени 12 нови пациенти заболени од корона вирусот, на респираторна машина се петмина

Редакција

Од 6 декември редовна авиолинија Скопје-Киев

Редакција