еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Со грант од 9,1 милиони евра ќе се реализира проект за втората фаза од Ветерниот парк Богданци

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Стефанов и Пабло Обрадор, раководител на Одделот за енергија на Западен Балкан и Турција од КФВ Банка денеска потпишаа нов грант договор во износ од 9,1 милиони евра за реализација на проект за втората фаза од Ветерниот парк Богданци.

„Имајќи ги предвид позитивните искуства од изградбата на паркот на ветерни електрани „Богданци“- прва фаза, АД ЕСМ со реализацијата на втората фаза го заокружува проектот во целост со вкупно инсталирана моќност од 50 MW.

Дополнително, планирана е изградба на пристапни патишта, како и на 20 kV кабелска мрежа. Локацијата ќе биде во состав на постојниот парк на ветерни електрани на ридовите Ранавец и Главите, на надморска височина од 300 до 500-тини метри“, рече Стефанов.

Ветерниот Парк Богданци во своето десетгодишно работење има производството на над 1.000 гигават часови електрична енергија, и го надмина планот за производство предвиден во проектот и студиите за реализација на овој проект.

Реализацијата на оваа втора фаза ќе придонесе кон отворање на нови работни места, развивање на локалната заедница и унапредување на енергетската инфраструктура.

Фото: ЕСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има ли поевтинување на основните производи, поради пониската цена за струја за прехранбената индустрија

Редакција

(ВИДЕО) Иванов: Владеачкото мнозинство да понесе одговорност за неуспешноста на референдумот

Редакција

Душан Пецовски, претседателот на УО на Реплек купи акции, сега поседува 12,08% од акциите на компанијата

Редакција