еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сопругата и ќерката на газдата на дискотеката „Пулс“ на распит во полициска станица

Сопругата и ќерката на Дејан Јованов – Деко, газдата на т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани се во полициска станица, каде што им се прави распит и од нив се одземени мобилни телефони, објавија повеќе медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чија е дискотеката во Кочани во која ни загинаа најмалку 59 лица

Дека е извршен распит со неколку лица во врска со пожарот во т.н. дискотека, потврдија и од Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство (ОЈО).

„Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден и денеска во координација со истражните тимови на Јавното обвинителство преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани.

При тоа извршени се претреси на пет локациии во Кочани и Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење.

Извршени се распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија,“ велат од МВР и од ОЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Управителот на т.н. дискотека „Пулс“, Карадакоски бил шанкер, газда бил Јованов, открива КОД

Сметката на сопственикот на т.н. дискотека во Кочани, фирмата ММММ Кафе, неколку пати била блокирана

Дискотеката „Пулс“ во Кочани била казнета од УЈП и за неиздавање фискални сметки

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нацрт-амандманите за промена на Уставот пристигнаа во Собранието: Постапката за усвојување во две фази

Редакција

Фатмир Лимани, прв независен кадидат за градоначалник на Општина Кичево

Редакција

(Фото) Во голем пожар во Кисела Вода повредени четири лица, еден стан целосно изгоре

Редакција